Wednesday, February 1, 2012

Trappistes Rochefort 8

Abbey of Notre-Dame de Saint-Rémy
Rochefort
(Рошфор) е белгиско Трапист пиво кое се произведува во манастирот Abbey of Notre-Dame de Saint-Rémy  кој се наоѓа во близина на селцето Рошфор, околу 108 км јужно од Брисел.
Трапист пиво може да се нарече само доколку пивото е произведено од Трапист монаси (калуѓери) во кругот на нивните манастири и поголемиот дел од приходот од пивото да оди во добротворни цели.
rochefort460
Постојат окулу 170 Трапист манастири од кои само 8 произведуваат пиво, тоа се шестте белгиски пива Achel , Rochefort, Orval, Chimay, Westvleteren, Westmalle и Achel, холандското Tegelen и германското пиво Mariawald.
1439-Trappist
Трите основни постулати на Трапист монасите се молитва, читање и физичка работа, па затоа речиси сите Трапистички манастири произведуваат некој високо еколошки производ, најчесто сирење, кое исто така се натекува Трапист.

300px-8210_Brewery_in_Abbaye_Notre-Dame_de_Saint-Remy_Rochefort_2007_Luca_Galuzzi

Сите Трапист пива се ејл (Аle) што значи дека произведени од малт (malt) т.е. јачменов слад со горна ферментација и додаток на пивски квасец и хмељ. Трапист пивата најчесто се делат на Enkel (единачно, основна верзија), Dubbel (двојно), Tripel (тројно) и Quadrupel (четирикратно), со што Enkel-от е со најнизок процет на алкохол, а Quadrupel-от е со највисок процент кој најчесто е преку 10 проценти алкохол.
orval_510
Некои Трапист пива се означени според бојата, како на пример во Chimay (Шимe) каде што Шимe црвен е основен, потоа синиот е
dubbel и белиот е tripel. Рошфор пивото е означено нумерички од 6 основното, 8 средно и 10 најсилно. Rochefort_beers_1__big_5253
Ние денес ќе се осврнеме на Рошфор 8.
Ова се моите забелешки.
tr

Прекрасно темно кафеаво пиво кое при сипување во чашата набрзина создава многу пена (која се нарекува “глава„).
Мирисот е комплексен со арома на банана, круша, малт и карамела кои се интегрирани во алкохолот кој исто така се чувстува на нос.

Вкусот е феноменален со прекрасна текстура која потсетува на шлаг. Малт, зачини, баварски леб, кафе, тропско зрело овошје…  хмељот е извонредно интегриран во сите горки вкусови. Средна карбонизација која одлично ги извлекува вкусовите од пивото. Изворедно комплексно и перфектно избалансирано со алкохолот.
Финишот е овошен со траги на препечен леб, карамел и кафе.

Комплетно алкохолно доживување за сите сетила.

Кој вели дека пивото е помалку вредно, комплексно и интересно од виното греши, а тоа доказ се белгиските Трапист пива.
Trappistes Rochefort 8

No comments:

Post a Comment