Thursday, January 10, 2013

Uncork It! A Wine Guide for Everyone.

uncork-it-a-wine-guide-for-everyone
Вински водич за почетниците, но и за искусните. Кои се основните вински сорти, на која температура се сервира виното, основни техники на отворање на виното, зошто виното треба да се декантира, како да дегустирате вино, вино и храна, избор на чаши и многу други интересни информации окулу виното и винската култура.
Zanatta – Uncork it – 2010

Uncork It! A Wine Guide for Everyone.


Tuesday, January 8, 2013

Yamazaki 12 Years Old Single Malt Whisky

Јапонија е позната по многу работи, автомобили, електронски уреди, храна, брзи возови, самураи, саке, манга стрип, сумо, оригами, пачинко, “чудни“ телевизиски шоу програми... но вискито од Јапонија и не е баш така познато, барем не кај нас.
Сингл малт вискито може да биде направено надвор од Шкотска, иако многу љубители на овој пијалок ќе речат дека само шкотското виски е “вистинското“ виски, не се во право.
Дестилеријата “Јамазаки„ се наоѓа во Шимамото, Перфектура Осака во близина на Кјото и е во сопственост на најголемата компанија за производство и дистрибуција на алкохолни пијалоци во Јапонија, Сантори. Изградена е во 1923 година од Шинџиро Тори, основачот на Сантори и таткото на Јапонското виски.
“For relaxing times . . . make it Suntory times“
е познатата изрека од филмот “Lost in translation“ во кој Бил Мареј игра американски актер кој во Јапонија снима реклама токму за вискито на Сантори. Ќе се изненадите ако побарате на You Tube реклами за Сантори, Шон Конери, Томи Ли Џонс, Питер Фалк, Киану Ривс се само дел од познатите фаци кои снимале за оваа компанија.
Јапонците многу се трудат окулу своето виски, вложуваат во квалитетни состојки и квалитетни буриња, но најважно од се имаат знаење како да произведат квалитетно виски.


Yamazaki 12 years old



М
ирисот на ова виски е вистинско изненадување. Не сум почувствувал ваква комбинација на мирис кај ниеден малт од Шкотска. Можеби ова се должи на комбинацијата од буриња во кои е зреено ова виски, односно во комбинацијата од Шпанските шери буриња и бурињата од Американски даб во кои предходно одлежал бурбон се вметнати и буриња од Јапонски даб.
Мирисот на тропско мешано овошје е доминатен, манго, банана, мед, крушка. Се чувствува влијанието на шери бурињата кои даваат нота на мелени ореви и една интерсна комбинација на мириси која многу наликува на мастиката “Базока„
Вкусот исто така комлексен. Печен бадем со пририена нота на црно чоколадо, кандирани цреши, тофи, ванила, мед и малку цимет во финишот.
Јас бев навистина изненаден, ова е стварно добар сингл малт кој не доаѓа од Шкотска, иако многу наликува на Спејсајд малт. Јапонците придобија нов фан на нивното виски.
Оцена: 89/100
Моја топла препорака за сите фанови на сингл малт вискито.