Tuesday, May 15, 2012

Skopsko Radler Lemon (Скопско Радлер)

Нема многу да објаснувам и веднаш ќе ви кажам, Скопско Радлер е ТАПА.
Без разлика дали сакате или не сакате алкохолен пијалок, покрај плажа или пак во топол летен ден, ова не е добар пијалок за освежување. Подобро ќе поминете со Степ Лајт растворен во газирана вода одколку со Скопско Радлер. Пиво во радлерот има далеку помалку од оние 40 % кои се наедени на пакувањето, според мое мислење, или пак се работи за неквалитетно пиво бидејќи едвај, скоро воопшто, не се чувствува во ова “сокче“ од Скопско.
DSC06955
Купете си Швепс не се заебавајте со Скопско Радлер!
Поздрав.
Skopsko Radler Lemon (Скопско Радлер)

Kenbach Premium Beer

Битолска пивара повторно во погон. Одлични вести за љубителите на пивото, но уште поважно и пивото е добро. Kenbach е пиво кое се произведува само од јачменов слад, без додавање на незасладувани житарици, вода, квасец и хмељ. Сладот доаѓа од Хрватска, хмељот од Словенија, квасецот од Германија, водата е локална пелистерска, сето тоа склопено со германска технологија. Браво за чистотата на пивото и недодавањето на незасладувани житарици, тоа сигурно ќе придонесе за квалитетот на пивото.
DSC06953
Пивото е класичен Пилснер, со светло златна боја, кремаста пена и изразена арома на малт со малку цитрус во позадина. Јачменот добро функционира во комбинација со цитрус и горчната на хмељот, што ви остава пријатна свежина во устата. Пивото има средно-висока карбонизација која придонесува за аромите и вкусовите да бидат поистакнати, но истотака и додава освежителен карактер на ова пиво. Финишот е краток и свеж. Лесно пиво, убаво склопено, едностано и ароматично. Ги надмина моите очекувања.
Интересно ќе биде да се види како ќе пројде во Скопје ова пиво, но јас мислам дека ќе се ладам во топлите скопски денови со битолско Кембах пиво.
На здравје!
Kenbach Premium Beer

Tikves Barovo Muscat Ottonel 2010 & Sauvignon Blanc 2010

Македонија можеби нема многу голем потенцијал за бели вина, но со труд, знаење и технологија можат да се постигнат солидни резултати. Таков е примерот со Тиквеш Барово. Одбрани лозови насади од областа Барово на Кожув, внимателно контролирани лози стари повеќе од 35 години, одлични енолози и лимитирана серија од 13,000 шишиња донесуваат резултат.
DSC07018
Мускат Отонелот е ароматично вино со цитрусни-овошни и цветни ароми. Пријатно убаво избалансирано, свежо со малку горко-киселкаст послевкус.
DSC07021
Совињон Бланк е сорта која потешко успева во нашава клима, но сепак во Тиквеш завршиле добра работа. Хармонично, свежо, вкусно. Малку преизразени слатки ноти за оваа сорта, но ова е Македонија, а не Нов Зеланд, па затоа не очекувајте премногу. Се вкупно добра работа од Тиквеш.
Ги препорачувам и двете вина како прекрасно освежување за сезоната пролет-лето и незаборавете виното секогаш е подобро кога ќе го “спарите“ со соодветна храна. Експериментирајте и најдете ја вашата идеална комбинација.
На здравје!
Tikves Barovo Muscat Ottonel 2010 & Sauvignon Blanc 2010