Wednesday, April 18, 2012

Chateau Kamnik Cuvee Kamnik 2008

Лига на шампиони, одлично друштво, мезе и одлично вино, може ли човек да посака повеќе. Дури и фудбалот е подобар со добро вино. Шато Камник Куве 2008 во извонредно пакување од 3 литра, со чепче кое не пропушта воздух во пакувањето, не дозволува виното да оксидира и виното останува свежо подолого време.
DSC00002
Виното е купажа на Sangiovese, Nebbiolo, Syrah, Primitivo и Aglianico, комбинација која функционира одлично и секоја чест на енолозите во Камник кои го склопиле ова вино. Прекрасна арома на рибизла, капина, чоколадо, црн бибер, вкусот истотака комплексен,црни овошки со примеси на даб, финишот долг и ароматичен. Бидејќи се чивствува дека виното е одлежувано во буре, ме интерисира на кој начин е правена купажата и одлежувањето. Дали најпрво се одлежувани вината, посебно по сорта, во буриња или е предходно направена купажата, па потоа виното е одлежувано. Во секој случај направена е одлична работа и виното е навистина добро. Кога ќе се погледне цената од окулу 850 денари за 3 литра и ако таа се подели на флаша од 0,7 литри, колку што е пакувањето на вино во флаша, ќе дојдеме до цена од окулу 200 денари, што според мое мислење ова е најдоброто вино во Македонија со таа цена. За 200 денари не можете да купите подобро вино и мислам доколку ова вино се продава во флаша цената комотно би можела да му биде окулу 400 денари.
П.С.
Имам во визба Chateau Kamnik Cuvee Kamnik 2009 во пакување од 5 литра, дегустација закажана за реванш натпреварот Реал-Баерн.
Chateau Kamnik Cuvee Kamnik 2008

Friday, April 13, 2012

Bovin Chardonnay 2011

Бовин Шардоне берба 2011 е вино кое неодамна беше наградено на Chardonnay du Monde со сребрен медал. Треба да се напомене дека Македонија на овој натпревар освои три сребрени медали со што е најуспашна земја во регионов.
DSC00036
Шардонето на Бовин е стварно добро, одличен баланс помеѓу благото и киселото. На мирис веднаш ги чувствувате мириси на зрело тропско овошје, но и прекрасни свежи мириси на јаболко, круша и лимон. На вкус продолжува солидниот баланс, иако преовладуваат сладките ноти виното ја задржува свежината. Телото е полно и финишот е долг и постојан со прекрасни нежни киселини кои ја неутрализираат сладкоста.
Заслужено сребро за Бовин.
П.С.
Јас го „спарив“ со домашно печено пиле и функционираше одлично.
Bovin Chardonnay 2011

Sunday, April 8, 2012

Потрага по совршена Шкембе чорба (Гостилница Кај Перо)

“Кај Перо“ е познатo како место во кое после работа се иде да се накркаш и да се напиеш како човек. Сум бил повеќепати и искрено хранта не е нешто особено вкусна, но има убава атмосвера и бидејќи се оди со друштво, секогаш убаво сум поминувал.
Убаво пролетно утро, јас желен за шкембе чорба и ете ме мене кај Перо.
DSC00013
Чорбата не изгледа многу примамливо, но мириса одлично. Вкусот има домашен шмек, не премногу зачинета, без многу зарават, но некако пријатна, лесна и вкусна. Лепчето тазе, солидно. Убав појадок во центарот на Скопје, заминав задоволен и најаден.
Цена на чорбата со лепче: заборавив
Шкембе оценка: 6,5 од 10.
Потрага по совршена Шкембе чорба (Гостилница Кај Перо)