Friday, November 30, 2012

Tikves Vranec 2010 Special Selection

Да бидам искрен, бев скептичен окулу целата фама на Паркеровите 90 поени за вранецот на Тиквеш. Знаејќи како функционира маркетингот и каква „ѕверка“ е Филип Камби, мислев дека повеќе е напумпана работата отколку што вреди виното. Но, сум се излажал.
Вранцот на Тиквеш СС 2010 е најдоброто вино што сум го купил за 5 евра. Нема подобро ни да најдете на македонскиов пазар, за тие пари е чисто задоволство во чаша.



Грозјето за овој вранец доаѓа од лозови насади стари помеѓу 30 и 60 години кои се наоѓаат на надморска височина од 450 метри, тоа споено со врвното мајсторство на Камби и имаме одлично вино.
Бојата прекрасна рубин црвена, класика вранец. Букето на почеток малку затворено, но по пет-десет минути во чаша е фантазија. Вишна, сува слива, калинка, капина, брусница, комплексно и хармонично. Вкусот само продлжува тамо каде што мирисот застана. Суви и свежи овошки, надополнети со прекрасното средно тело и меки танини. Финишот е долг и ве тера повторно да ја кренете чашата. И сето ова за 310 денари, навистина вреди.
Да беше виново 500-600 денари, можеби ќе најдев некоја мана, вака обавезно ставам 3-4 флаши во визба да видам како ќе се развива во наредните години.
Топла препорака и немојте да пропуштите одлично вино за мали пари, тоа е реткост кај нас.




Monday, November 26, 2012

Chateau Kamnik Winemakers Selection 2009


Шато Камник Winemakers Selection 2009 е купажа од сортите Каберне Совињон, Санџовезе и Каберне Франк, која и не баш добро им функционира.
Цената од окулу 500 денари е премногу за ова вино, а еве зошто.
Мирисот е вештачки. Се чуствуваат ароми на суви црвени овошки, не сепак остава впечаток како да се работи за вештачки мириси. Мирисот го “спасуваат“ дабот и нотите на кафе. На вкус слична приказна. Средно тело, “срушени танини“ краток и горчив финиш (среќа што е краток).
Ова е прво вино од Шато Камик кое ме разочарува.
Оцена и не заслужува, едноснавно подпросечно.

Wednesday, November 21, 2012

Редок вид на јачмен за “специјално“ виски

Дестилеријата Arran во соработка со Агронмскиот институт од Оркни произведе виски од редок вид на јачмен кој бил донесен и култивиран во Шкотска од викинзите пред повеќе од 1000 години.



Ќе бидат произведени само 5800 шишиња од вискито Arran Malt Orkney Bere, кое е “зреено“ осум години во буриња кои предходно содржеле бурбон и ќе се продава по цена од 47,99 фунти.

Tuesday, November 13, 2012

Glenfiddich 15 years old


Се сеќавате на натпреварот Шкотска - Македонија 1:1?
Јас знам дека не заслужено шкотите измкнаа бод, но затоа многу добро се сеќавам на Гленфидих петнаеската што ја дегустирав таа вечер за прв пат.

 

Специфично за овој сингл малт е тоа што е користен солера системот кој се употребува кај шпанското шери. Тоа значи дека во големи буриња (vats), во случајов на Гленфидих тоа е нешто повеќе од 700 литарско буре направено од Орегонски бор, се чува виски кое е предходно зреено најмалку 15 години во помали 220 литарски буриња од бурбон, шери или нови буриња од американски даб. Финтата е во тоа што во ова солера буре вискито е оставено да одлежи некое време за да се спојат сите различни вкусови и мирис кои се во него и потоа се вади од него, но како се вади се додава ново 15 годишно виски во големото солера бура така што константо во бурето има виски кое е подолго време одлежано.



По вадењето од солера бурето вискито помиува уште неколку месеци во дабови буриња наречени oak Marrying Tuns, за повторно спојување на вкусовите и мирисите. После сето ова вискито е спремно за влаширање и тоа е сеуште официално 15 годишно виски.

Glenfiddich 15 y.o.


Мирисот на суви овошки е доминантен, сува смоква, суво грозје, извонредно избаласирани со мирисот на карамела и мока кафе. Извонредно комплексен нос.
Вкусот е исто така одличен, повторно сувата смоква е носител заедно мед, црно чоколадо зачинето со бибер и малку чили. Феноменално.
Финишот е причично долг со примеси на тофи, црн бибер и клека (juniper berry).
Одлично виски кое од скоро може да се најде и кај нас и искрено го препорачувам за уживање во ладните зимски денови.
Оценка: 89/100