Wednesday, September 12, 2012

Staropramen

 

Старопрамен во превод значи „стар извор“, тоа е втора по големина пивара во Чешка формирана во 1869 и се наоѓа во областа Смичов во Прага.

Пролет, кафанче, мезе и Старопрамен, тоа е добитната комбинација. Ова пиво како и сите масовно произведувани пива не се наменети за дегустација или пак ќе ви овозможат некое посебно уживање, но сепак мора да бидат дојстојно направени да се добар партнер со храна и муабет.
DSC06970
Пивото прави убава пена која брзо исчезнува.
На мирис: Јачмен, свежо печен леб, свежи цитрусни ноти и многу малку хмељ и малку од лошиот „cat piss“ мирис.
Лошиот мирис се создава кога по флаширањето пивото ќе биде изложено на директна светлина. Ова се случува со повеќето масовно призведувани пива кои при транспорт или поради лошото чување во маркетите, магацините и угостителските објекти во пивото се создава овој сулфурест мирис. Мирисот не е со таков интензитет да ви се слоши или да не можете да го пиете пивото, дури и тешко се забележува, но доколку сте ентузијаст и голем љубител на пивото мирисот веднаш ќе го почиствувате. Пивата со прозирна или зелена амбалажа се потенцијални „миризливи“.
Вкус: Средно тело, кремасто со средна карбонизација. Слад, киселкасто гочлив хмељ и чист финиш со прикриени ноти на тостиран леб.
Се вкупно солидно пиво кое може да се конзумира во текот на целиот ден, во комбинација со храна и секако со добро друштво.
Уживајте!
Staropramen

Bavaria Premium Beer

 

Brouwershuysmorees
Баварија е втора по производство пивара во Холандија чие годишно производство изнесува окулу 580 милиони литри пиво годишно. Пиварата е формирана во 1719 година во Лишхаут (Lieshout) во близина на Ајндховен и на почетокот произведувале окулу 88 буриња што е окулу 14400 литри пиво годишно. Во 2007 Евопската комисија ги обвини и казни Хајнекен, Гролш и Баварија за учество во картел на цените т.е. создавање на монопол врз цените на пивото.
Е сега малку за самото пиво.
Bavaria Premium Beer 5 % abv.
DSC05294
Пивото е со светло жолта боја со убава пена која кратко трае.
Мирисот веднаш сугерира дека не се работи за сладко пиво, квасец, јачмен, црн леб, свеж лимон.
На вкус прво доаѓаат свежите ноти на лимон, јаболко и некој чуден металест вкус. Јачменот, лебот и хмељот следат потоа и водат кон брашкаст послевкус кој потсетува на мелени житарки.
Се вкупно ова е интересно, освежително пиво и верувам ќе им се допадне на сите оние кои не сакаат сладко пиво.
Цената му е 50 ден. за лименка од половина литар и сметам дека е сосема пристојна.
На здравје и уживјте.
Bavaria Premium Beer

Chateаu Kamnik Montepulciano 2009

 

Врти, сучи пак Шато Камник.
Ова вино го пробав првпат на Виноскоп минатата година и си купив 3 флаши. Во текот на изминатата камен ладна зима ги дегустирав и си помислив, ако не го пуштат у продажба виново ќе згрешат. Пред некој ден ја проверувам страната www.wine.mk и гледам нови вина од Камник, меѓу кои и Montepulciano 2009, искрено се израдував.
Сортата Монтепулчиано е карактеристична за Италија, додека во Македонија немам информација дека некој ја одгледува оваа сорта освен Камник.
SS
Скопје, ладничко, плоштад, пријатно друштво и добро вино. Сите се согласивме дека ни недостасува „кругчето“ на плоштад дека фали „коцка“, но тоа е, се менуваме ние, се менува и градот. Порано седевме на „кругче“ пиевме Скопско во лето или „бамбус“ со Витач во зима, за по некои 15-20 години да седиме на клупи, пиеме македнско врвно вино од италианска сорта. Разговараме за младоста и хард-кор пристапот кон светот, бунтовноста, слободата и не обзема носталгија, носталгија кон младоста. Дегустирам од винцето и си викам, младоста е безмерно подобра од средновечноста, но ова вино прави носталгијата да е пријатна. На здравје!
Виното е полно со црвени овошки, слатко од капини и цреши, одлично спакувано во дабово буре.

Одлично вино и моја препорака обавезно да го дегустирате со пријатели, носталгијата одлично се вклопува со ова вино.
Chateаu Kamnik Montepulciano 2009

Скопско пиво (точено)

 

Лето, пекол, дури ни девојките разголени не делуваат привлечно на вакво време. Но затоа на ладна кригла не може да се одолее.
DSC07169
Точеното скопско за разлика од флаша, лименка или пластика може да биде навистина пријатно изненадување доклку е сервирано и послужено на вистински начин. Кригла од замрзнувач, заледена, камен. Пивото одлично карбонизирано и најважно тазе буре. Пивото вака послужено е деликатес, перверзија.
DSC07170
Пивото изгледа совршено. Пената е густа, кремаста и се задржува повеќе од 5 минути. Вкусот изненадувачки добар, јачменов слад, освежителни цитрусни ноти и горчлив хмељ. Сето ова зачинето со одлична карбонизација која го заокружува ова пиво и го прави совршено летно освежување.
DSC07179
Значи правилно третирано точено скопско пиво е во најмала рака пет пати подобро од останатите варијанти на ова пиво. Ваквото пиво го претвора и најжешкиот ден во згодна девојка разголена на првото пролетно сонце.
Уживајте.
Скопско пиво (точено)

Kenbach Premium Beer

 

Битолска пивара повторно во погон. Одлични вести за љубителите на пивото, но уште поважно и пивото е добро. Kenbach е пиво кое се произведува само од јачменов слад, без додавање на незасладувани житарици, вода, квасец и хмељ. Сладот доаѓа од Хрватска, хмељот од Словенија, квасецот од Германија, водата е локална пелистерска, сето тоа склопено со германска технологија. Браво за чистотата на пивото и недодавањето на незасладувани житарици, тоа сигурно ќе придонесе за квалитетот на пивото.
DSC06953
Пивото е класичен Пилснер, со светло златна боја, кремаста пена и изразена арома на малт со малку цитрус во позадина. Јачменот добро функционира во комбинација со цитрус и горчната на хмељот, што ви остава пријатна свежина во устата. Пивото има средно-висока карбонизација која придонесува за аромите и вкусовите да бидат поистакнати, но истотака и додава освежителен карактер на ова пиво. Финишот е краток и свеж. Лесно пиво, убаво склопено, едностано и ароматично. Ги надмина моите очекувања.
Интересно ќе биде да се види како ќе пројде во Скопје ова пиво, но јас мислам дека ќе се ладам во топлите скопски денови со битолско Кембах пиво.
На здравје!
Kenbach Premium Beer