Wednesday, September 4, 2013

Лето, не заминувај!

Доцното лето е можеби најубавиот временски пeриод кај нас. Сонцето не пече, ветерче пирка, се е некако по мирно. Мирисот на печени пиперки се шири низ маалото, грозјето и смоквите се готови за берење и ете ти идеа за мезе.
Смокви, овчи кашкавал, талеџио, крушка и розе вино. Перверзија.




Tuesday, August 13, 2013

ABV% пиво на лето 2013

Златен Даб е пиво на летото 2013-то. По дегустација на сите наши пива, дојдовме до заклучок дека Златен Даб е пивото кое нуди највеќе на пазарот. Свежина, пријатна гоечивост, солидна карбонизација и пријатен, свеж послевкус.


На второто респектабилно место e Кембах на Битолска Пивара. Пиво кое има повеќе вкус, комплексност, но му недостасува свежина за да биде летно пиво број 1.



Третото место беше тешко да се одлучи, но решивме да биде промоција на "ново" пиво наместо едно пиво кое живее на стара слава и се повеќе го влошува својот квалитет. Затоа на трето место се наоѓа Битоско пиво. Пробајте и ќе се изненадите.
И да напоменеме дека целата дегустација беше вршена во комбинација со храна или мезе. Најчесто колбаси на скара. НА ЗДРАВЈЕ!

Friday, March 22, 2013

Talisker 10 Years Old

talisker-from-loch_543705
Талискер е единствената дестилерија која се наоѓа на островот Скај, кој е најсеверен остров од Внатрешните Хебриди (Inner Hebrides).
Сите острови во Шкотска на кои се произведува виски имаат свој специфичен стил, начин, на подготовка на вискито, кое потоа добива посебен вкус и мирис, препознатлив за тој осторов или област. Талискер и Скај не се исклучок од ова правило. Веднаш морам да ви кажам дека ова е едно од моите омилени вискија. Наликува на вискито од Ајла, посебно на Лагавулин или Лафројг, но доколку се голем познавач на викито, верувам дека ќе ги препознаете разликите, посебно во вкусот и послевкусот.
Мирис: Веднаш се чуствува влијанието на морето, по првиот мирис на чад и тресет, тука е и јодот, морето и морската трева (алги). Не се чуствува толку тресетот колку што мирисот на чад е присутен, но и тој не доминира туку одлично функционира со хербалните ноти на ова виски. Многу комплексен мирис и можете да поминете долго време само мирисајќи го ова виски.

Талискер

Вкус: Започнува со морска вода, сол, јод и тресет, следуваат бибер, чили и во позадина ноти на суви црни овошки. Во финишот, кој е долг, доминира биберот со малку тресет, темно чоколадо и анасон во позадина. Ова е суво, “земјесто„ виски, нема многу слатки ноти, што го прави многу специфично и нема да му се допадне секому.
За мене ова виски е перверзија, релативно “младо„ само 10 години, а толку комлексно и силно.
Ако сте љубител на блендови, овој сингл малт можете да го препознаете во Џони Вокер 12 (Black Label), а уште повеќе во Џони Вокер 15 (Green Label). Го препорачувам од се срце, ако налетате негде на Талискер без размислување купете го. Нема да зажалите. На здравје!

Talisker 10 Years Old

Tuesday, February 5, 2013

Е-книга: “Great Whiskeys„

great-whiskeys

Книга во која Чарлс МекЛин ве запознава co вискито низ светот. Одлична книга и за познавачите и за почетниците.

Бујрум книгата – Great Whiskeys

Thursday, January 10, 2013

Uncork It! A Wine Guide for Everyone.

uncork-it-a-wine-guide-for-everyone
Вински водич за почетниците, но и за искусните. Кои се основните вински сорти, на која температура се сервира виното, основни техники на отворање на виното, зошто виното треба да се декантира, како да дегустирате вино, вино и храна, избор на чаши и многу други интересни информации окулу виното и винската култура.
Zanatta – Uncork it – 2010

Uncork It! A Wine Guide for Everyone.


Tuesday, January 8, 2013

Yamazaki 12 Years Old Single Malt Whisky

Јапонија е позната по многу работи, автомобили, електронски уреди, храна, брзи возови, самураи, саке, манга стрип, сумо, оригами, пачинко, “чудни“ телевизиски шоу програми... но вискито од Јапонија и не е баш така познато, барем не кај нас.
Сингл малт вискито може да биде направено надвор од Шкотска, иако многу љубители на овој пијалок ќе речат дека само шкотското виски е “вистинското“ виски, не се во право.
Дестилеријата “Јамазаки„ се наоѓа во Шимамото, Перфектура Осака во близина на Кјото и е во сопственост на најголемата компанија за производство и дистрибуција на алкохолни пијалоци во Јапонија, Сантори. Изградена е во 1923 година од Шинџиро Тори, основачот на Сантори и таткото на Јапонското виски.
“For relaxing times . . . make it Suntory times“
е познатата изрека од филмот “Lost in translation“ во кој Бил Мареј игра американски актер кој во Јапонија снима реклама токму за вискито на Сантори. Ќе се изненадите ако побарате на You Tube реклами за Сантори, Шон Конери, Томи Ли Џонс, Питер Фалк, Киану Ривс се само дел од познатите фаци кои снимале за оваа компанија.
Јапонците многу се трудат окулу своето виски, вложуваат во квалитетни состојки и квалитетни буриња, но најважно од се имаат знаење како да произведат квалитетно виски.


Yamazaki 12 years old



М
ирисот на ова виски е вистинско изненадување. Не сум почувствувал ваква комбинација на мирис кај ниеден малт од Шкотска. Можеби ова се должи на комбинацијата од буриња во кои е зреено ова виски, односно во комбинацијата од Шпанските шери буриња и бурињата од Американски даб во кои предходно одлежал бурбон се вметнати и буриња од Јапонски даб.
Мирисот на тропско мешано овошје е доминатен, манго, банана, мед, крушка. Се чувствува влијанието на шери бурињата кои даваат нота на мелени ореви и една интерсна комбинација на мириси која многу наликува на мастиката “Базока„
Вкусот исто така комлексен. Печен бадем со пририена нота на црно чоколадо, кандирани цреши, тофи, ванила, мед и малку цимет во финишот.
Јас бев навистина изненаден, ова е стварно добар сингл малт кој не доаѓа од Шкотска, иако многу наликува на Спејсајд малт. Јапонците придобија нов фан на нивното виски.
Оцена: 89/100
Моја топла препорака за сите фанови на сингл малт вискито.

Friday, November 30, 2012

Tikves Vranec 2010 Special Selection

Да бидам искрен, бев скептичен окулу целата фама на Паркеровите 90 поени за вранецот на Тиквеш. Знаејќи како функционира маркетингот и каква „ѕверка“ е Филип Камби, мислев дека повеќе е напумпана работата отколку што вреди виното. Но, сум се излажал.
Вранцот на Тиквеш СС 2010 е најдоброто вино што сум го купил за 5 евра. Нема подобро ни да најдете на македонскиов пазар, за тие пари е чисто задоволство во чаша.



Грозјето за овој вранец доаѓа од лозови насади стари помеѓу 30 и 60 години кои се наоѓаат на надморска височина од 450 метри, тоа споено со врвното мајсторство на Камби и имаме одлично вино.
Бојата прекрасна рубин црвена, класика вранец. Букето на почеток малку затворено, но по пет-десет минути во чаша е фантазија. Вишна, сува слива, калинка, капина, брусница, комплексно и хармонично. Вкусот само продлжува тамо каде што мирисот застана. Суви и свежи овошки, надополнети со прекрасното средно тело и меки танини. Финишот е долг и ве тера повторно да ја кренете чашата. И сето ова за 310 денари, навистина вреди.
Да беше виново 500-600 денари, можеби ќе најдев некоја мана, вака обавезно ставам 3-4 флаши во визба да видам како ќе се развива во наредните години.
Топла препорака и немојте да пропуштите одлично вино за мали пари, тоа е реткост кај нас.