Friday, March 22, 2013

Talisker 10 Years Old

talisker-from-loch_543705
Талискер е единствената дестилерија која се наоѓа на островот Скај, кој е најсеверен остров од Внатрешните Хебриди (Inner Hebrides).
Сите острови во Шкотска на кои се произведува виски имаат свој специфичен стил, начин, на подготовка на вискито, кое потоа добива посебен вкус и мирис, препознатлив за тој осторов или област. Талискер и Скај не се исклучок од ова правило. Веднаш морам да ви кажам дека ова е едно од моите омилени вискија. Наликува на вискито од Ајла, посебно на Лагавулин или Лафројг, но доколку се голем познавач на викито, верувам дека ќе ги препознаете разликите, посебно во вкусот и послевкусот.
Мирис: Веднаш се чуствува влијанието на морето, по првиот мирис на чад и тресет, тука е и јодот, морето и морската трева (алги). Не се чуствува толку тресетот колку што мирисот на чад е присутен, но и тој не доминира туку одлично функционира со хербалните ноти на ова виски. Многу комплексен мирис и можете да поминете долго време само мирисајќи го ова виски.

Талискер

Вкус: Започнува со морска вода, сол, јод и тресет, следуваат бибер, чили и во позадина ноти на суви црни овошки. Во финишот, кој е долг, доминира биберот со малку тресет, темно чоколадо и анасон во позадина. Ова е суво, “земјесто„ виски, нема многу слатки ноти, што го прави многу специфично и нема да му се допадне секому.
За мене ова виски е перверзија, релативно “младо„ само 10 години, а толку комлексно и силно.
Ако сте љубител на блендови, овој сингл малт можете да го препознаете во Џони Вокер 12 (Black Label), а уште повеќе во Џони Вокер 15 (Green Label). Го препорачувам од се срце, ако налетате негде на Талискер без размислување купете го. Нема да зажалите. На здравје!

Talisker 10 Years Old

No comments:

Post a Comment