Wednesday, February 1, 2012

Jack Daniels Tennessee Whiskey

Денес ќе ви го презентирам спектарот на Џек Даниелс, најпродаваното виски на светот.

Издвоив две, по мене најважни поединости во изработката на Џек Даниелс.
Избор на буре
Филтрација низ јаглен

Ова се моите забелешки од дегустацијата на Џек Даниелс спектарот.
1. Jack Daniels Old N7
Old N7

Тенеси виски кое е релативно младо и нападно. На мирис се чувствува алкохолот, а во позадина нијанси на карамела, ванила даб, изгорено дрво, со примеси на некоја хемикалија која неможам да ја дефинирам. Вкусот не открива ништо ново, карамела, чад, даб, јаглен …финишот е краток и сладок. Ништо спектакуларно и ништо особено. Летна пијачка за со кока-кола или со многу мраз, одличен за вечерни забави и добар провод.
Оцена: 70/100

2. Jack Daniels Gentleman Jack
gentleman jack
Џентлмен е чекор погоре од Old N7 и е прилично комплексен и вкусен. Двојно филтриран низ јаглен, пред и по одлежувањето, што му дава мекост и вкус на овој пијалок. Мирисот е далеку помек и заокружен, но сепак класичен Џек Даниелс. Нема силен алкохолен напад и има присуство на суво овошје и сентиментлна нота на прегорен шекер и шекерен памук (оној од Луна Парк) :) . Вкусот е сладок (ванила, даб) со примеси на чад од дрва и суво овошје, зачин, каранфилче, мускатно оревче, а финишот средно долг со нота на карамела, даб и јаглен. Далеку покомплексно и подлабоко виски од Old N7. Солидна изведба.
Оцена: 82/10
0

3. Jack Daniels Single Barrel
jack-daniels-single-barrel
Терминот Сингл Барел значи дека вискито во флашата доаѓа само од едно буре. Дестилеријата Џек Даниелс има посебен третман за бурињата кои ќе бидат искористени за Сингл Барел пакувањето. Бурињата кои предходно се наполнети со виски се носат на најгорните спратови од сталажите за зреење. Таму бурето е изложено на далеку повискои температури со што процесот на созревање се забрзува. Мирисот на ова виски е сладок, ванила, карамела…во позадина мирис на даб измешан со зачини и изгорено дрво. Вкусот не открива многу повеќе, сладок е и лут, со интересна нота на тутун, чад, слатко од капини и суво грозје. Прилично интересен финиш: слатко, кисело, лут, со секогаш присутниот јаглен, но и лесна нота на чоколадо (шекерна табла) измешана со зачини, бибер и каранфилче. За сингл барел ова виски е просечно и во однос на цената јас би го преферирал Џентлмен како мој избор од Џек Даниелс асортиманот.
Оцена:
83/100

Jack Daniels Tennessee Whiskey

No comments:

Post a Comment