Wednesday, February 1, 2012

Неговото височество, Виски.

Вискито станува глобален феномен и побарувачката за овој пијалок се зголемува од ден во ден. Виски денес се произведува не само во Шкотска, Ирска, Канада и Америка туку буквално низ целиот свет почнувајќи од далечните Австралија и Нов Зеланд па преку Јапонија, Јужна Кореа, Тајланд, Индија, Пакистан, Турција, Бугарија, Австрија, Франција, Шпанија, Германија, Швајцарија, Холандија, Белгија, Данска, Шведска, Финска, Велс, Уругвај, Бразил, Венецуела, па дури и на Афричкиот континент во Јужна Африка.
Blended Whisky

Иако почетоците на правењето виски се мистериозни, непотполно познати и се базираат на теории сепак е сигурно дека тоа потекнува од “островото”. Најраспространета теорија е дека Ирските монаси кои го ширеле христијанството кон крајот на првиот милениум во делови од Шкотска го донеле и знаењето за дестилација на житните култури. Но да биде јасно дека овие ирски монаеси не ја измислиле дестилацијата, туку таа е откриена многу порано во Персија. Името виски доаѓа од Uisge Beatha што на галски значи вода на животот, кое со тек на времето се трансформирало во Usige, па тоа во денешното Whisky или Whiskey.

ancientstill
Зошто во Шкотска и некои други земји се спелува Whisky, а во Ирска и Америка Whiskey, сеуште е мистерија и за лингвистите, но тоа нас најмалку не интересира бидејќи кај нас е едноставно виски. За еден пијалок да биде наречен виски мора да биде алкохолен дестилат од житарки (јачмен, пченка, пченица, р’ж итн.) и да биде одлежан во дрвени буриња, одреден временски период. Ова е основната дефиниција која варира од тоа во кој дел од светот се произедува пијалокот.
Јачменпотикнување на ’ртње на јачменотјачменова каша во процес на ферментацијаказани
За едно виски да биде наречено Scotch, Scots или Scottish, мора да биде направено од шкотски житарки, да биде дестилирано во Шкотска и одлежано во дрвени буриња најмалку три години исто така во Шкотска. Дестилатот несмее да надминува 94.8 % алкохол, додека финалниот производ мора да содржи најмалку 40 % алкохол. Ова е во основа дефиницијата за Шкотско виски која е легално дефинирана во далечната 1909 година, но записите за правење виски датираат многу, многу години порано.
Шкотски сингл малт

Ова е само вовед во виски светот за почетниците, а понатаму ќе следуваат и детални појанувања за тоа што е Single Malt, Single Grain, Pure Pot, Straight и Blend. Ќе се обидам да го појаснам и конкретно начинот како од житарки се стигнува до финалниот производ, различните начини на созревање, како местото на созревање и климата влијае на вискито итн. Ќе ги споделам моите искуства од дегустациите со препораки и описи на вкусовите на одредени вискија.
До следното читање, поздрав и уживајте во добра пијачка.

No comments:

Post a Comment