Wednesday, February 1, 2012

Laphroaig Single Malt

laphroaig_whisky_distillery
Laphroaig
(се изговара Лафројг) е дестилерја во Шкотска, поточно на островот Islay (се изговара Ајла). На ова пркрасно остово се наоѓа дестилеријата Лафројг која е една од девете дестилерии кои моментално функционираат на овој остров (Ардбег, Лагавулин, Лафројг, Бомор, Брулади, Бунахабн, Кул Ила, Килхолман и ре-отворената Порт Шарлот).
island-of-islay
Дестилериите на Ајла произведуваат широк спектар на различни виски стилови.  Ардбег, Лагавулин и Лафројг е познати по своето “чадено„ виски кое се произведува со помош на тресетот кој се смета за есенцијален за вискито од Ајла. Вискито на овие дестилерии има дистинктивен мирис на чад од тресет, јод, морски треви, сол, слад. Дестилеријата Кул Ила исто така произведува “чадено„ виски, но со многу повеќе цветни и зачински ноти. Дестилериите Брулади и Бунахабн произведуваат полесно и генерално помалку “чадено„ виски со многу цветни и овошни ароми, а Брулади произведува и серија на виски која е со огромна количина на чад наречена Октомор. Бомор дестилеријата произведува виски кое е одлично балансирано помеѓу чадот и цветно-зачинските ароми. Дестилеријата Килхоман е отворена во 2006 нејзиното виски е сеуште младо да се оценува, а дестилеријата Порт Шарлот почна со дестилирање во 2010 така што првото виски ќе го има најрано во 2014 година.
Лафројг дестилеријата е отворена во 1815 година од Алекс и Доналд Џонсон кои ја воделе дестилеријата се до 1887 година кога е продадена на фамилихата Хантер. Иан Хантер кој починал во 1954 година, бидејќи немал наследници, ја оствил дестилеријата на тогашниот менаџер Беси Вилиамсон, кој во 1960 година ја продава на групацијара Лонг Џон Интернационал со што станува дел од Форчун Брендс.
Дестилеријата Лафројг е една од ретките дестилерии која сеуште дел од малтот го произведува по класична метода на под за малт.
Лафројг вискито е единствено виски кое ја носи назнаката Royal Warrant of HRH, Prince Charles of Wales
доделена личано од Принцот Чарлс во 1994 година.
clip_image00108150001cc
Спектарот на Лафројг се движи од основното 10 годишно, преку
Quarter Cask (созревано во мали буриња), Triple Wood (се користат три вида на буриња за созревањена вискто), 15 , 18 , 25, 27, 30 и 40 годишни вискија.
SET

Лафројг не е виски за секого како и што и гласеше нивниот некогашен слоган “или не сакаш или не мразиш„
Скопсково време ме натера  да си направам едно еспресо, да си ставам во чашка Лафројг 10 годишен и да седнам на тераса да уживам во ова прекрасно утро.

Ова се моите забелешки за Laphroaig 10 years old:

10
Јод, тресет и чад, во позадина мирис на утро покрај морска плажа го формираат овој комплексн нос во кој можете долго да уживате без да го вкусите вискито. На јазик има одличен баланс помеѓу тресетот и слаткоста, чадот и солта кои се во вториот слој. Огромен број на вкусови се мешаат во устата и просто неможете да престанете да подпивнувате од чашката. Финишот е спектакуларен и тоа е она што ми остава најголем впечаток, извираат аромите на овој прекрасен Ајла сингл малт во наредните 5-6 минути одкако ќе ја проголтате “водата на животот”. Препорачувам да додадете една кафена лажичка вода во дозата виски, да го оставите да одстои десетина минути и потоа да почнете да го дегустирате. Водата нема да го намали вкусот или мирисот, туку сосема спротивно, таа ќе му помогне на вискито да ги ослободи сите свои тајни, а ќе го потисне алкохолот во втор план. Во комбинација со еспресо, Кохиба и сончево скопско пост-дождливо утро е класична перверзија, оргазам :)
Обавезно да се проба, чиста магија од Ајла.
Оценка: 9
1/100
Laphroaig Single Malt

No comments:

Post a Comment