Wednesday, February 1, 2012

Redbreast 12 year old

Redbreast 12 years old е ирско виски произведено во деситиеријата Old Midleton во Корк, која е во сопственост на светски познатиот бренд Jameson.
MidletonDistillery
Redbreast
е пјур пот стил (Pure Pot still) виски , што значи дека е произведено од засладован јачмен и од незасладован јачмен. Овој начин на прозводство на виски потекнува токму од Ирска и по мене доста одговара на стилот на ирското виски кое е лесно, свиленкасто и овошно. Redbreast е неизбежен во блендовите на Џејмисон, поготово во оние над 12 години.
Ова се моите забелешки за
Redbreast 12 years old:
redbreast

По првото мирисање имаше силни ноти на цитрус, ванила и малт. Доколку го оставите вискито да “диши„ неколку минути во чашата се формираат и цветни ноти со примеси на косена трева и некои сладки тонови како мед, свежо печен пандишпан, шери.
На вкус воошто не разочарува. Шери, мед и ванила со примеси на црн бибер и ѓумбир извонредно балансирано танцуваат на јазикот. Со додавање на една лажичка вода како да се спојуваат сите овие вкусови и се истакнува комплексноста и вкусови на карамела, батерскоч и пандишпан одново се појавуваат.
Финишот е долг и одлично балансиран, слатко-киселкаст со примеси на цимет, тофи, бибер и суптилна нота на анасон.
Оцена: 89/100

Одлично виски кое ќе ве изненади со својата комплексност. Препорачувам да го пробате прво без додавање на вода, а потоа со една мала лажичка вода во дозата.
Redbreast 12 Years Old Irish Whiskey


No comments:

Post a Comment