Wednesday, February 1, 2012

Содржи сулфити?

Сигурно многумина од вас прочитале на задната етикета од виното, нормално со многу мали букви, содржи сулфити.
large_sulfites
Тоа всушност значи дека во виното е додадена одредена кочичина на сулфурдиоксид кој делува како антибактериско средство. Винарите ќе ви кажат дека тоа е сосема нормален процес бидејќи сулфурдиоксидот и онака се создава при процесот на ферментација и дека нема никакви штетни дејства по вашето здравје, ниту влијание на квалитетот на виното.
Но дали е тоа така?
Не сакам да наведувам конкретно винарии, берба, итн. но мене конкретно, повеќепати ми се случило при отворање на шише бело, но и црвено вино, да ме “удри„ мирис на расипно јајце или запалено шкорче кибрит. Што е тоа ќе се прашате? Е тоа е прекумерно додавање на сулфурдиоксид во виното или неправилно сулфурење на садовите за ферментација и чување на виното.
Доколку веднаш сипете малку од виното во чаша и го вкусите ќе забележите, најчесто финишот, непријатна нота на расипано јајце, издувни гасови од автомобил или запалено шкорче кибрит. Зборувам за субтилна, прикриена нота која кај евтините вина е прилично приметлива и веднаш се чувствува и на мирис и на вкус.

Прекумерното додавње на сулфурдиоксид во виното ги осигурува винариите дека нивното вино нема да се претвори во оцет подолг временски период, дека слаткото вино нема повторно да ферментира, дека виното ќе остане свежо, но последиците по кавалитетот на виното се големи. Исто така болните од астма мора да внимаваат на ова бидејќи сулфатите можат да им створат проблеми.
Доколку приметите по отварањето на шишето вино ваков непријатен мирис на сулфур, најдобар начин да се ослободите од него е да го декантирате виното неколку часа пред конзумирањето.
decanting-wine
Винарите исто така имаат разни начини за справување со мирисот на сулфур, како и со потемнувањето на белото вино. Но доколку тоа не биде приметено додека виното е во слободна состојба потоа сулфурот се врзува со алкохолот и е речиси невозможно, без употреба на хемикалии, да се избегне непријатниот мирис.

Да бидам јасен,  јас не сум против додавање сулфур во виното бидејќи тој и онака природно се создава со додавање на квасците за ферментација, но сето тоа да биде во најмали можни количини. Се повеќе во светот се разгледуваат и алтернативни методи кои нема да влијаат на квалитетот на виното.

Еве еден текст преземен од Дејли телеграф:
“Франциско Артес-Хернандес и колегите од Техничкиот универзитет во Катагена, Шпанија, развија нов метод со употреба на хемиското соединение озон. При тестирањето е дека на тој начин се чува овошјето 90 отсто ефективно како и при употребата на сулфур диоксид без додадени сулфити кои може да предизвикаат астма и други алергиски реакции кај некои луѓе. Грозјето кое е третирано со озон, исто така, содржи до 4 пати повеќе полифеноли – антиоксидантни соединенија кои би можеле да го намалат ризикот од рак, кардиоваскуларни болести и оштетување на мозочната функција.
Ендру Вотерхаус од Универзитетот Калифорнија, истакнува дека постапката со озон би можела да се користи за да се заменат проблематичните сулфити. Полифенолите се природни соединенија кои се наоѓаат во црвеното вино, чоколадото, кафето и многу видови овошје.“

Но сулфитите не се единствени додатоци во виното, но тие се единствените кои се наведени на етикетата. Како конзументи имаме право да знаеме што се се додава во виното, кои хемиски супстанци се користат во производството на виното.Дали кај нас постои закон за количество на пестициди кои се користат во производството на грозјето? Дали некој го контролира количеството на остатоци од пестициди во сокот од грозјето пред ферментација?
grozdober17-9-10
Додатоците во виното се зголемуваат за да се намалат трошоците за производство на виното, но притоa не се внимава на квалитетот.
wine
Секоја чест на исклучоците кај нас, кои за жал се навистина малку, но ни даваат надеж дека имаме потенциал да призведеме квалитетно вино. Лозарите исто така ќе мора да се едуцираат во однос на користењето на пестициди, наводување, количина на род по хектар итн.
Енолози внимавајте со едукација на конзументите и вие ќе морате многу повеќе да се трудите и едуцирате, а вистиските уживачи на виното секогаш ќе знаат да го препознаат квалитетот.

Содржи сулфити?


No comments:

Post a Comment