Wednesday, February 1, 2012

Македонска ракија

Денес ќе се свртиме малку кон Македонија и квалитетната македонска ракија.
Ракијата во зависност од суровината се дели на: лозова, комова, дрожденка и винова. Лозовата како најквалитетна ракија се произведува од гроздова каша која проаѓа прво низ процесот на ферментација па потоа и дестилација на гроздовата каша. Аромата на грозјето е многу важна па затоа најчесто се употребуваат сорти со изразен мирис и вкус (мускат). Производството на гроздовата каша е слична на производството на црвано вино. Грозјето најпрво се меле, потоа ферментацијата на кашата се врши најчесто во пластични или иноксни садови. По завршувањето на алкохолната ферментација се почниува со дестилација (печење) на кашата во казани. Лозовата ракија, барем онаа квалитетната е двојно дестилирана со што се добива далеку по квалитетен алкохол. По двојната дестилација се добива ракија со јачина од окулу 60% па таа се резредува со дестилирана вода до саканиот процент на алкохол.  Ракијата се остава да се стабилизира неколку денови па потоа по желба се става на дозревање во дабови буриња(жолта ракија) или се остава да зрее во флаша (бела ракија).
Ова беа одприлика детлите окулу производството, а сега мaлку и за ракијата која ме натера да го напишам ова.


Bovin  Sveti Trifun Fine Rakija 45% abv.
Ракијата Свети Трифун на Бовин ги покажува квалитетите во кои може да прерасне македонското произвотсво на ракија. Ракијата е произведена по класична метода на двојна дестилација и одлежување најпрво во користени вински буриња, па потоа во нови буриња од македонски благун даб. Временскиот периот на одлежување на е наведен, по мое скромно мислење е мешавина на млада (малку одлежана) ракија и рaкија која поминала повеќе од 2-3 години во буре.

Sv_%20Trifun%20Fine%20Rakija-450
Мои забелешки од дегустацијата на Bovin  Sveti Trifun Fine Rakija.
Бојата кај ракијата исто како и кај вискито не одава ама баш ништо. Постојат многу начини како да се добие килибарна или махагони боја на ракијата, најпозната метода е со додавање на карамела, така што бојата како елемент за препознавање на некои особини на пијалокот е сосема неважна.  Течноста формира тенки капки (нозе) кои полека се спуштаат надолу.

Мирисот е раскошен и пријатен. Најпрво се чувствува даб и ванила со чоколадни ноти во позадина, потоа свежа нијанса на портокал и трева која е одлично имплементирана. Каранфилче и црн бибер отскокнуваат над останатите зачини што даваат лута нота на овој извинреден мирис. Мал напад на алкохол се чувствува на носот, но тоа е нормално ако се земе во предвид јачината и времето на поминување во буре.
Вкусот не е толку сладок како што мирисот ни сугерираше. Одличен баланс на горчивост, сладкост и лутина, нема директен напад на алкохол и е со полно тело. Кафе, црн пипер, чад, зелена пиперка, блага нота на сушено овошје (слива, смоква, суво грозје) измешана со многу зачини. Прекрасен вкус, комплексен и богат.
Завршетокот е долг со ехо на прекрасната лутина на зачините.

Препорачувам од се срце, но запаметете ова не е ракија за со салата. Ова е ракија за ужување по добра вечера, со добро темно чоколадо, во друштво на добра цигара или во друштво на добри пријатели.
Една од најдобрите ракии произведени во Македонија. Коњак, армањак и останатоте нека се припазат малку за отприлика 20-30 години можеби ќе добијат конкуренција.

Македонска ракија

No comments:

Post a Comment