Wednesday, February 1, 2012

VAT 69

VAT 69 е шкотско виски (бленд) кое е произведено од William Sanderson & Son Limited. Креатор на ова виски е основачот на компанијата William Sanderson кој во 1882 година направил 100 различни вискија во 100 буриња и поканил пријатели да го пробаат и оценат секое од нив. Бурето со број 69 на крајот било прогласено за најдобро и отаму доаѓа и името VAT 69.
Ова виски можете да го набавите во сите супермаркети и тоа по многу ниска цена, не повиска од 600 денари. Немојте да очекувате многу од овој бленд бидејќи сепак се работи за виски кое на долниот дел од скалата на вредности, но она што ќе го добиете за тие 600 денари е навистина солидно. Бев дури и јас малку скептичен, дали да го купам бидејќи цената не ветува многу, но бидејќи јас не сум виски сноб и давам шанса на сите, собрав храброст и го купив.
Ова се моите забелешки за ова виски.
VAT 69 Blended Scotch Whisky
DSC06849
На мирис прво што ќе осетите е свежина и сладок мирис, кора лимон, карамела, малку бибер и мирис на буре (даб). Во позадина се чувствува нота на ацетон, но не е многу изразена што всушност ја прави пријатна (барем за мене).
Вкусот сладок, но извонредно лесен во устата, нема напад на алкохол, нема многу лутина. Се развива вкус на суво овошје во финишот (грозје, сливи и смокви). Изненадувачки “чисто“ виски, едноставно, но има доволно вкусови и ароми во него да биде интересно за пиење. Според мене ова е извонредно виски за почетници, а и цената е извонредна. Моја препорака.
VAT 69

No comments:

Post a Comment