Бренд кој е познат на сите, еден од најголемите производители на пиво во светот, Хајнекен.
Хајнекен интернционал е со седиште во Амстердам, но Хајнекен пивото се
произведува во преку 70 држави со годишно производство од 139 милиони
хектолитри. Компанијата е формирана во 1864 од Жерар Адриан Хајнекен и
почнала со призводство на пиво со горна ферментација односно ејл. Во
1869 пиварата почнува со произвотство на пиво со долна ферментација, а
во 1886 Доктор Х. Елиот, ученик на Луј Пастер, го создава кваасецот
“Хајнекен А„ кој и денес се користи за фермантација на пивото.
Историските факти, приказните и маркетингот се можеби најсилите адути на Хајнекен, бидејќи пивото им е … медиокритет.
Еве ги моите забелешки за Heineken Lager (лименка):
Бојата му е бледо жолта, формира малку пена која брзо исчезнува.
На мирис нема многу пријатни ноти, житарки, сено, суптили ноти на малт…
Вкусот е исто така “досаден„. Корнфлекс, малку горчина од хмељот,
многу малку малт и чудна “метална„ нота во финишот е одприлика се што
успеав да детектирам. Финишот е краток и ви остава горчина од хемељ во
устата.
Пивото е просечно, но и неможе да се очекува повеќе од еден производ
кој се произведува во толкава количина. Ако се одлучите да го
конзумирате би ја препорачал лименката бидејќи Хајнекенот во флаша има
некој лош, чуден мирис. Јас не го конзумирам често, мислам дека е
прескап (64 денари лименка 0,5 литри).
Се на се подпросечно пиво со висока цена и добар маркетинг (симнувам капа за маркетингот)
Heineken
No comments:
Post a Comment