Wednesday, February 1, 2012

Leute Bok

fotobrouwerij

Leute Bokbier е произведено во пивницата Van Steenberge во Белгија. Бок стилот е инаку првпат произведен во 17 век во Германија, поточно од Пауланер монасите. Leute Bok e силно пиво со 7,5% алкохол и се нарекува Doppelbock што е всушност посилна верзија на Бок стилот. Leute Bok е пиво кое содржи активна култура (квасец) во себе и со секундарна ферментација во шишето тоа го менува вкусот со тек на времето, нешто слично на виното. Ако го сакате пивото малдо и свежо го пиете веднаш, но доколку сакате посилно и поинтензивно пиво тогаш треба да го чувате пивото од 12 до 18 месеци на сличен начин како и виното и ќе почуствувате голема разлика како во вкусот така и во изгледот на пивото, кое со тек на времето станува потемно. Инаку кај нас можете да ја најдете допелбок верзијата на Paulaner наречена Salvator, пиво кое го има во поголемите супермаркети во градов.
Ова се моите забелешки за Leute Bokbier 7.5% abv.
DSC06674
Пивото има темна кафена боја на прв поглед, но доколку го изложите на светлина ќе приметите црвена, како цигла, нијанса во него. Пената е цврста и ова пиво навистина изгледа добро во чашата.
На мирис прво се чуствува малтот, а во позадина прекрасни ноти на суво овошје, сливи, јаболка, смокви, грозје…
Средна карбонизација која извонредно “легнува„ во устата создавајќи кремаст ефект.
Вкусот го продолжува она што го најави на нос со многу суви овошја, јачменов малт, карамел, печен костен, малку хмељ и зачини во средно долгиот финиш.
Солидно пиво во кое воопшто не сечувствува алкохолот, лесно и верувам одлично би одело со македонска скара.

Leute Bok

No comments:

Post a Comment