Се започнува со темно пиво во кое се додаваат свежи цреши, на секои 100 литра пиво се додадаваат 13 килограми свежи цреши. Потоа пивото одлежува 1 година за на крај да се додадат уште две одлежани темни пива за да се добие финалната купажа.
Веднаш по отворањето собата ви се исполнува со мирис на цреша, свеж , силен, пријатен мирис. Во позадина се чувствува мирис на буре и мирис на џем (јагоди и сливи). Вкусот на киселкасто-слатка цреша ја исполнува устата уште во првата голтка, потоа се чуствуваат омекнатите танини од бурето, малт и сладолед од цреша. Прекрасно кремасто чувство во устата со средна карбоизација која придонесува за потикнување на вкусовите. Финишот е средно долг, малку киселкаст и остава убав впечаток на свежина.
Извонредно пиво кое би одело одлично со било каков десерт кој содржи цреши, вишни, јагоди или сливи. Ова е едно од оние пива кои секогаш сакате да ги имате во фрижидер.
Liefmans Cuvée Brut
No comments:
Post a Comment