Rochefort (Рошфор) е белгиско Трапист пиво кое се произведува во манастирот Abbey of Notre-Dame de Saint-Rémy кој се наоѓа во близина на селцето Рошфор, околу 108 км јужно од Брисел.
Трапист пиво може да се нарече само доколку пивото е произведено од Трапист монаси (калуѓери) во кругот на нивните манастири и поголемиот дел од приходот од пивото да оди во добротворни цели.
Постојат окулу 170 Трапист манастири од кои само 8 произведуваат пиво, тоа се шестте белгиски пива Achel , Rochefort, Orval, Chimay, Westvleteren, Westmalle и Achel, холандското Tegelen и германското пиво Mariawald.
Трите основни постулати на Трапист монасите се молитва, читање и физичка работа, па затоа речиси сите Трапистички манастири произведуваат некој високо еколошки производ, најчесто сирење, кое исто така се натекува Трапист.
Сите Трапист пива се ејл (Аle) што значи дека произведени од малт (malt) т.е. јачменов слад со горна ферментација и додаток на пивски квасец и хмељ. Трапист пивата најчесто се делат на Enkel (единачно, основна верзија), Dubbel (двојно), Tripel (тројно) и Quadrupel (четирикратно), со што Enkel-от е со најнизок процет на алкохол, а Quadrupel-от е со највисок процент кој најчесто е преку 10 проценти алкохол.
Некои Трапист пива се означени според бојата, како на пример во Chimay (Шимe) каде што Шимe црвен е основен, потоа синиот е dubbel и белиот е tripel. Рошфор пивото е означено нумерички од 6 основното, 8 средно и 10 најсилно.
Ние денес ќе се осврнеме на Рошфор 8.
Ова се моите забелешки.
Прекрасно темно кафеаво пиво кое при сипување во чашата набрзина создава многу пена (која се нарекува “глава„).
Мирисот е комплексен со арома на банана, круша, малт и карамела кои се интегрирани во алкохолот кој исто така се чувстува на нос.
Вкусот е феноменален со прекрасна текстура која потсетува на шлаг. Малт, зачини, баварски леб, кафе, тропско зрело овошје… хмељот е извонредно интегриран во сите горки вкусови. Средна карбонизација која одлично ги извлекува вкусовите од пивото. Изворедно комплексно и перфектно избалансирано со алкохолот.
Финишот е овошен со траги на препечен леб, карамел и кафе.
Комплетно алкохолно доживување за сите сетила.
Кој вели дека пивото е помалку вредно, комплексно и интересно од виното греши, а тоа доказ се белгиските Трапист пива.
Trappistes Rochefort 8
No comments:
Post a Comment