Пауланер е Минхенска пивара формирана во 1634 година од италианскиот монах по име Францис од Паола.
Пауланер е едно од најпродаваните пива во Германија и е едно од најкомерцијаните поготово познато како официјално пиво на фудбалскиот клуб Баерн од Минхен.
Hefe-Waissbier Dunkel можеби не ви значи многу па еве едно кратко објаснување што всушност сакал да каже производителот на ова прекрасно пиво.
Weissbier на германски значи “бело пиво„ и се употребува за пивата кои во својот состав содржат повеќе пченица отколку јачмен. Исто така се употребува и Weizenbier што во превод значи “пченично пиво„. Според Германскиот закон за пиво сите “бели пива„ произведени во Германија мораат да бидат со горна ферментација.
Hefe на германски значи квасец и означува дека пивото не е филтрирано пред точењето оставајќи во пивото парчиња од квасецот кој ја помага ферментацијата што го прави пивото “матно„.
Dunkel во превод е темно што значи дека е произведено од пржена пченица и јачмен што му дава на пивото темна боја и препознатлив вкус.
Ова се моите забелешки за Paulaner Hefe-Weissbier Dunkel.
Темна кафена боја со нијанси на бакар, матно и со убава пена “глава„ која брзо исчезнува.
На мирис веднаш се чувствуваат овошните ноти кои се специфични кај сите пченични пива. Банана, зачини, мирис на тазе печен леб, а во позадина суптилни ноти на каранфилче и карамела.
Вкусот е сличен како и мирисот. Преовладуваат нотите на “чоколаден малт„ измешани со банана, цитрусни свежи ноти и специфичен вкус на квасец. Пиво со средно тело и одлична карбонизација.
Финишот започнува слатко со вкус на банана и карамела, а завршува суво со ноти свежо тесто и квасец.
Одлично пиво кое иако е темно сепак ја има задржано свежината и поради солидната карбонизација мислам дека може да се конзумира и во текот на летниот период.
Paulaner Hefe-Weissbier Dunkel
No comments:
Post a Comment