Wednesday, February 1, 2012

Big Peat

Big Peat е Шкотско виски или поточно бленд од малтови. Вискито кое се наоѓа во овој бленд е реномираните дестилерии на островот Ајла (Islay), а тоа се Ардбег (Ardbeg), Кол Ила (Caol Ila), Бомор (Bowmore) и изненадувачки, од затворената дестилерија Порт Елен (Port Ellen) чие виски е многу ценето во кругот на познавачите на сингл малт вискито. Во ова виски преовладува чадот и тресетот, што е всушност и одлика на вискиото кое доаѓа од регионот на Ајла, но исто така има прекрасни ноти на суви овошки, лути зачинии и солена морска трева.
Ова се моите забелешки за Douglas Laing & Co Big Peat Blended Malt 46% ABV.

DSC06755

Бидејќи ова виски не е ладно филтрирано ќе приметите ситни честички во него и доколку додадете неколку капки вода во вискито тоа ќе стане матно, но тоа не е ништо лошо. Напротив тоа е нормално кај ваквото виски кое познавачите велат дека е подобар начин бидејќи се зачувуваат повеќе есенциални вкусови и ароми.
На мирис веданш се чувствува чадот од тресет, но не во голема количина. Во позадина се зачините и мирисот на морето. Вкусот одличен, соленкаст помешан со прекрасниот чад и прикриени ноти на даб. Финишот е долг и ја навлажнува устата какошто се враќаат вкусовите. Ова е дефинитивно е суво, прекрасно, фенолично, тресетно, чадено виски од Ајла. Обавезно да се проба ако сте љубители на ваквиот стил на виски.
Оцена: 89/100 за Blended Malt

Big Peat

No comments:

Post a Comment