Wednesday, February 1, 2012

Delirium Tremens

Delirium Tremnes е Белгиско пиво произведено од Brouwerij Huyghe. Brouwerij Huyghe е формирана во 1906 година од Leon Huyghe во малото место Melle во Источна Фландрија.

Delirium Tremens
Пивото е специфично не само по името и пакувањето, туку и поради специфичниот начин на подготовка. Пивото се добива со ферметација во три фази со три различни квасци, последната ферметација се одвива во самото шише по точењето.
Ова се моите забелешки за Delirium Tremens 8.5% Alc.
DSC03070
Светло жолта боја со прекрасна “глава„ која по исчезнувањето остава трага на чашата.
Мирисот е феноменален. Извонредно свеж, зелени сливи, бело грозје измешано со мирисот на квасецот. Мирис многу сличен на квалитетно бело вино. Ако го оставите подолго време во чашата почнуваат да се чувствуваат прекрасни мириси на зачини и интересни ноти на разблажен јод споен со хмељот функционира перфектно.
Вкусот е исто така прекрасен. Кремасто “средно„ тело кое ја прекрива целата усна шуплина, одлична карбонизација која помага да се развијат прекрасни вкусови. Свежо, “крцкаво„ овошно на почетокот, потоа малтот ја преземе главната улога заедно со хмељот. Зачините во финишот заедно со алкохолот го заокружуваат ова прекрасно пиво.
Едно од моите омилени пива кои би можел да ги конзумирам секој ден. Delirium Tremnes е Шампањ помеѓу пивата, свежо но извонредно комплексно.
Delirium Tremens

No comments:

Post a Comment