Tuesday, February 21, 2012

Fine Wine Night (Bovin, Dudin & Santa Christina)

Пред некоја вечер за моите блиски пријатели оргнизирав винска вечер. Извадив од визба три примероци кои мислев дека одлично ќе одат еден по друг, направив мезе (различни видови на тапас со чаден врат, пекорино македонико, горгонзола, рокфорд, кулен…) и подготвив пријатен амбиент. Ова се вината кои ги дегустиравме.
Започнавме со Бовин Дарон 2003, купажа од Каберне, Мерло и Вранец, перфектно зреено кај мене во визба во одлични услови.
IMGP8119
На мирис полно со суво овошје, сливи, боровинки и интересна нота на кафе, која продолжува да се чувствува и на вкус. Одлично очувано вино иако 9 години старо.
Продолживме се ѕвездата на вечерта Дудин Акрато Барик Мерло 2006.
IMGP8137
Уште на мирис ви открива дека се работи за извонредно и префинето вино на кое треба да му се посвети внимание. Аромата на даб помешана со црни и црвени овошки зачинета со малку суво грозје и сува смоква, перверзија. Полно тело и вкусови експлодираат во устата, а финишот е долг и фантастичен.
За крај отворивме едно Кјанти на Санта Кристина од 2008.
IMGP8238
Виното е сеуште свежо и се чуствуваат ароми на цреша и јагода. На вкус е исто така овошно, но со изразени танини, земјест вкус и во финишот интересни зачини кои остануваат подолго и потсетуваат како да сте лижнале кожна ракавица.
На крајот завршивме со по една пура Партагас Де Лукс која легна извонредно со Кјантито.
Морам да ви кажам дека доколку било кое од овие вина ги купите денес од маркет или било која продавница и го немаат сето она што јас го опишав, немојте да ме обвинувате мене. Тоа се должи на зреењето во мојата визба која има скоро идеални услови во текот на целата година, лето до 18 степени и во зима до 10 степени, што му дозволува на виното да созрева постепено и обично се добиваат извонредни резултати. Во маркетите температурата се движи помеѓу 20 и 30 степени што воопшто не е добро за виното и неговото зреење.
И немојте да заборавите, пијте малку, но пијте квалитетно!
Fine Wine Night (Bovin, Dudin & Santa Christina)

No comments:

Post a Comment