Wednesday, April 18, 2012

Chateau Kamnik Cuvee Kamnik 2008

Лига на шампиони, одлично друштво, мезе и одлично вино, може ли човек да посака повеќе. Дури и фудбалот е подобар со добро вино. Шато Камник Куве 2008 во извонредно пакување од 3 литра, со чепче кое не пропушта воздух во пакувањето, не дозволува виното да оксидира и виното останува свежо подолого време.
DSC00002
Виното е купажа на Sangiovese, Nebbiolo, Syrah, Primitivo и Aglianico, комбинација која функционира одлично и секоја чест на енолозите во Камник кои го склопиле ова вино. Прекрасна арома на рибизла, капина, чоколадо, црн бибер, вкусот истотака комплексен,црни овошки со примеси на даб, финишот долг и ароматичен. Бидејќи се чивствува дека виното е одлежувано во буре, ме интерисира на кој начин е правена купажата и одлежувањето. Дали најпрво се одлежувани вината, посебно по сорта, во буриња или е предходно направена купажата, па потоа виното е одлежувано. Во секој случај направена е одлична работа и виното е навистина добро. Кога ќе се погледне цената од окулу 850 денари за 3 литра и ако таа се подели на флаша од 0,7 литри, колку што е пакувањето на вино во флаша, ќе дојдеме до цена од окулу 200 денари, што според мое мислење ова е најдоброто вино во Македонија со таа цена. За 200 денари не можете да купите подобро вино и мислам доколку ова вино се продава во флаша цената комотно би можела да му биде окулу 400 денари.
П.С.
Имам во визба Chateau Kamnik Cuvee Kamnik 2009 во пакување од 5 литра, дегустација закажана за реванш натпреварот Реал-Баерн.
Chateau Kamnik Cuvee Kamnik 2008

No comments:

Post a Comment