“Кај Перо“ е познатo како место во кое после работа се иде да се
накркаш и да се напиеш како човек. Сум бил повеќепати и искрено хранта
не е нешто особено вкусна, но има убава атмосвера и бидејќи се оди со
друштво, секогаш убаво сум поминувал.
Убаво пролетно утро, јас желен за шкембе чорба и ете ме мене кај Перо.
Чорбата не изгледа многу примамливо, но мириса одлично. Вкусот има
домашен шмек, не премногу зачинета, без многу зарават, но некако
пријатна, лесна и вкусна. Лепчето тазе, солидно. Убав појадок во
центарот на Скопје, заминав задоволен и најаден.
Цена на чорбата со лепче: заборавив
Шкембе оценка: 6,5 од 10.
No comments:
Post a Comment