Локацијата на ресторанот Скопски Мерак
е во познатотот скопско Дебар Маало, веднаш позади ОУ Коле Неделковски.
Терасата е одлична, убаво средена, келнерите љубезни и брзи (нормално
утро е, незнам какви се навечер). Чорбата послужена со тазе домашно
лепче, оцет со лук, павлака и чаша ладна вода.
Чорбата мириса одлично. Текстурата и е повеќе супеста отколку чорбеста и
веднаш се приметува недостаток на зарзават. Вкусот добар, шкембето
кремасто, убаво сварено. Ви останува во уста некој чуден aftertaste што
мислам дека е баш последица на недовлоно зачини и зеленчук во чорбата.
Во позадина се слуша детскиот џагор од училиштето, во ресторанот некоја
од оние боса нова преработки на рок песни, а и утринско пролетно сонце
функционира одлично со чорбата. Иако според напишаното изгледа дека
чорбата не ми се допадна, баш е спротивното, чорбата е добра, солидна.
Поради одличната локација на ресторанот и убавата тераса ја
препорачувам.
Шкембе оцена: 7 од 10.
No comments:
Post a Comment