Македонија можеби нема многу голем потенцијал за бели вина, но со
труд, знаење и технологија можат да се постигнат солидни резултати.
Таков е примерот со Тиквеш Барово. Одбрани лозови насади од областа
Барово на Кожув, внимателно контролирани лози стари повеќе од 35 години,
одлични енолози и лимитирана серија од 13,000 шишиња донесуваат
резултат.
Мускат Отонелот е ароматично вино со цитрусни-овошни и цветни ароми.
Пријатно убаво избалансирано, свежо со малку горко-киселкаст послевкус.
Совињон Бланк е сорта која потешко успева во нашава клима, но сепак во
Тиквеш завршиле добра работа. Хармонично, свежо, вкусно. Малку
преизразени слатки ноти за оваа сорта, но ова е Македонија, а не Нов
Зеланд, па затоа не очекувајте премногу. Се вкупно добра работа од
Тиквеш.
Ги препорачувам и двете вина како прекрасно освежување за сезоната
пролет-лето и незаборавете виното секогаш е подобро кога ќе го “спарите“
со соодветна храна. Експериментирајте и најдете ја вашата идеална
комбинација.
На здравје!
Tikves Barovo Muscat Ottonel 2010 & Sauvignon Blanc 2010
No comments:
Post a Comment