Friday, November 30, 2012

Tikves Vranec 2010 Special Selection

Да бидам искрен, бев скептичен окулу целата фама на Паркеровите 90 поени за вранецот на Тиквеш. Знаејќи како функционира маркетингот и каква „ѕверка“ е Филип Камби, мислев дека повеќе е напумпана работата отколку што вреди виното. Но, сум се излажал.
Вранцот на Тиквеш СС 2010 е најдоброто вино што сум го купил за 5 евра. Нема подобро ни да најдете на македонскиов пазар, за тие пари е чисто задоволство во чаша.



Грозјето за овој вранец доаѓа од лозови насади стари помеѓу 30 и 60 години кои се наоѓаат на надморска височина од 450 метри, тоа споено со врвното мајсторство на Камби и имаме одлично вино.
Бојата прекрасна рубин црвена, класика вранец. Букето на почеток малку затворено, но по пет-десет минути во чаша е фантазија. Вишна, сува слива, калинка, капина, брусница, комплексно и хармонично. Вкусот само продлжува тамо каде што мирисот застана. Суви и свежи овошки, надополнети со прекрасното средно тело и меки танини. Финишот е долг и ве тера повторно да ја кренете чашата. И сето ова за 310 денари, навистина вреди.
Да беше виново 500-600 денари, можеби ќе најдев некоја мана, вака обавезно ставам 3-4 флаши во визба да видам како ќе се развива во наредните години.
Топла препорака и немојте да пропуштите одлично вино за мали пари, тоа е реткост кај нас.




No comments:

Post a Comment