Јапонија е позната по многу работи, автомобили, електронски уреди, храна, брзи возови, самураи, саке, манга стрип, сумо, оригами, пачинко, “чудни“ телевизиски шоу програми... но вискито од Јапонија и не е баш така познато, барем не кај нас.
Сингл малт вискито може да биде направено надвор од Шкотска, иако многу љубители на овој пијалок ќе речат дека само шкотското виски е “вистинското“ виски, не се во право.
Дестилеријата “Јамазаки„ се наоѓа во Шимамото, Перфектура Осака во близина на Кјото и е во сопственост на најголемата компанија за производство и дистрибуција на алкохолни пијалоци во Јапонија, Сантори. Изградена е во 1923 година од Шинџиро Тори, основачот на Сантори и таткото на Јапонското виски.
“For relaxing times . . . make it Suntory times“ е познатата изрека од филмот “Lost in translation“ во кој Бил Мареј игра американски актер кој во Јапонија снима реклама токму за вискито на Сантори. Ќе се изненадите ако побарате на You Tube реклами за Сантори, Шон Конери, Томи Ли Џонс, Питер Фалк, Киану Ривс се само дел од познатите фаци кои снимале за оваа компанија.
Јапонците многу се трудат окулу своето виски, вложуваат во квалитетни состојки и квалитетни буриња, но најважно од се имаат знаење како да произведат квалитетно виски.
Yamazaki 12 years old
Мирисот на ова виски е вистинско изненадување. Не сум почувствувал ваква комбинација на мирис кај ниеден малт од Шкотска. Можеби ова се должи на комбинацијата од буриња во кои е зреено ова виски, односно во комбинацијата од Шпанските шери буриња и бурињата од Американски даб во кои предходно одлежал бурбон се вметнати и буриња од Јапонски даб.
Мирисот на тропско мешано овошје е доминатен, манго, банана, мед, крушка. Се чувствува влијанието на шери бурињата кои даваат нота на мелени ореви и една интерсна комбинација на мириси која многу наликува на мастиката “Базока„
Вкусот исто така комлексен. Печен бадем со пририена нота на црно чоколадо, кандирани цреши, тофи, ванила, мед и малку цимет во финишот.
Јас бев навистина изненаден, ова е стварно добар сингл малт кој не доаѓа од Шкотска, иако многу наликува на Спејсајд малт. Јапонците придобија нов фан на нивното виски.
Оцена: 89/100
Моја топла препорака за сите фанови на сингл малт вискито.
betmatik
ReplyDeletekralbet
betpark
tipobet
slot siteleri
kibris bahis siteleri
poker siteleri
bonus veren siteler
mobil ödeme bahis
VGCJ
canlı sex hattı
ReplyDeleteheets
https://cfimi.com/
salt likit
salt likit
G60A0B
dijital kartvizit
ReplyDeletereferans kimliği nedir
binance referans kodu
referans kimliği nedir
bitcoin nasıl alınır
resimli magnet
WSVOL
güngören
ReplyDeleteistanbul
fatih
adana
avcılar</a
1DB3
https://saglamproxy.com
ReplyDeletemetin2 proxy
proxy satın al
knight online proxy
mobil proxy satın al
4J6G5
شركة عزل خزانات بخميس مشيط E1S7vjgjqn
ReplyDelete