Tuesday, November 13, 2012

Glenfiddich 15 years old


Се сеќавате на натпреварот Шкотска - Македонија 1:1?
Јас знам дека не заслужено шкотите измкнаа бод, но затоа многу добро се сеќавам на Гленфидих петнаеската што ја дегустирав таа вечер за прв пат.

 

Специфично за овој сингл малт е тоа што е користен солера системот кој се употребува кај шпанското шери. Тоа значи дека во големи буриња (vats), во случајов на Гленфидих тоа е нешто повеќе од 700 литарско буре направено од Орегонски бор, се чува виски кое е предходно зреено најмалку 15 години во помали 220 литарски буриња од бурбон, шери или нови буриња од американски даб. Финтата е во тоа што во ова солера буре вискито е оставено да одлежи некое време за да се спојат сите различни вкусови и мирис кои се во него и потоа се вади од него, но како се вади се додава ново 15 годишно виски во големото солера бура така што константо во бурето има виски кое е подолго време одлежано.



По вадењето од солера бурето вискито помиува уште неколку месеци во дабови буриња наречени oak Marrying Tuns, за повторно спојување на вкусовите и мирисите. После сето ова вискито е спремно за влаширање и тоа е сеуште официално 15 годишно виски.

Glenfiddich 15 y.o.


Мирисот на суви овошки е доминантен, сува смоква, суво грозје, извонредно избаласирани со мирисот на карамела и мока кафе. Извонредно комплексен нос.
Вкусот е исто така одличен, повторно сувата смоква е носител заедно мед, црно чоколадо зачинето со бибер и малку чили. Феноменално.
Финишот е причично долг со примеси на тофи, црн бибер и клека (juniper berry).
Одлично виски кое од скоро може да се најде и кај нас и искрено го препорачувам за уживање во ладните зимски денови.
Оценка: 89/100

No comments:

Post a Comment