Битолска пивара повторно во погон. Одлични вести за љубителите на
пивото, но уште поважно и пивото е добро. Kenbach е пиво кое се
произведува само од јачменов слад, без додавање на незасладувани
житарици, вода, квасец и хмељ. Сладот доаѓа од Хрватска, хмељот од
Словенија, квасецот од Германија, водата е локална пелистерска, сето тоа
склопено со германска технологија. Браво за чистотата на пивото и
недодавањето на незасладувани житарици, тоа сигурно ќе придонесе за
квалитетот на пивото.
Пивото е класичен Пилснер, со светло златна боја, кремаста пена и изразена арома на малт со малку цитрус во позадина. Јачменот добро функционира во комбинација со цитрус и горчната на хмељот, што ви остава пријатна свежина во устата. Пивото има средно-висока карбонизација која придонесува за аромите и вкусовите да бидат поистакнати, но истотака и додава освежителен карактер на ова пиво. Финишот е краток и свеж. Лесно пиво, убаво склопено, едностано и ароматично. Ги надмина моите очекувања.
Интересно ќе биде да се види како ќе пројде во Скопје ова пиво, но јас мислам дека ќе се ладам во топлите скопски денови со битолско Кембах пиво.
На здравје!
Kenbach Premium Beer

No comments:
Post a Comment