Wednesday, September 12, 2012

Скопско пиво (точено)

 

Лето, пекол, дури ни девојките разголени не делуваат привлечно на вакво време. Но затоа на ладна кригла не може да се одолее.
DSC07169
Точеното скопско за разлика од флаша, лименка или пластика може да биде навистина пријатно изненадување доклку е сервирано и послужено на вистински начин. Кригла од замрзнувач, заледена, камен. Пивото одлично карбонизирано и најважно тазе буре. Пивото вака послужено е деликатес, перверзија.
DSC07170
Пивото изгледа совршено. Пената е густа, кремаста и се задржува повеќе од 5 минути. Вкусот изненадувачки добар, јачменов слад, освежителни цитрусни ноти и горчлив хмељ. Сето ова зачинето со одлична карбонизација која го заокружува ова пиво и го прави совршено летно освежување.
DSC07179
Значи правилно третирано точено скопско пиво е во најмала рака пет пати подобро од останатите варијанти на ова пиво. Ваквото пиво го претвора и најжешкиот ден во згодна девојка разголена на првото пролетно сонце.
Уживајте.
Скопско пиво (точено)

No comments:

Post a Comment