Седнувам, менито пред мене, отворам и …. традиционален виски???
Хм, интересно. Но она што го прочитав подолу беше лошо, прилично лошо, користење на виски термини, поготово во кафуле коге сигурно го посетуваат многу странски гости, а најверојатно и шкоти и ирци кои сигурно слатко се изнасмеале.
Одиме по ред.
1.Glen Grant (pure malt)
Pure malt или Vatted malt едно, а Glen Grant The Major’s Reserve кој најверојатно го нудат е сингл малт виски, виски кое е произведено и одлежало во една дестилерија, голема е разликата од pure malt до single malt.
2. Cutty Sark (malt scotch)
Cutty Sark e blended whisky што значи дека освен јачменов малт се користат и други житарки во добивањето на дестилатот. Malt scotch како што е наведено во менито наведува дека е single
malt whisky кое Cutty Sark го имаат во понуда но цената сугерира дека се работи за основиниот блед. Збунувачки за обичниот љубител, смешно за познавачите на вискито.
3. Clenfidish (single malt)
CLENFIDISH е најверојатно Glenfiddich, најпродаваното сингл малт виски во светот, кое нашиве трендсетери успеаа тотално да го утнат неговото име.
Понатаму е се јасно и гласно, точно, браво!
Си порачав еден CLENFIDISH бидејќи го здогледав на шанкот неотворен, без лед обавезно и се спремив за уживање.
Надвор пријатно ветре, мирис на дождот, плоштадот полу празен. Јас со Спејсајд виски во мојата рака послужен во класична виски чаша (tumbler) во оваа наша вукојебина пробувам да живуркам нормално, …..ах!
Си велам, можеби ич не им е гајле пошто и онака сингл малт у Скопје се пие со две-три коцки лед или сечен со кока-кола. Битно е да е скупа пијачката.
На здравје!